Екипата на Челзи конечно успеа да победи во 2023 година. Со голот на Каи Хаверц во 64-тата минута Челзи го скрши отпорот на Кристал Палас за 1-0, резултат што на крајот се покажа и конечен. 

Ова за Челзи е прва победа во 2023 година, откако на претходните три кола, два пати загубија и еднаш ремизираа. Со оваа победа Челзи дојде до 28 бодови, со што се изедначи со Ливерпул на деветтата позиција.

Интересен натпревар одиграа  Њукасл и Фулам, каде на крајот домаќините се радуваа на победата со 1-0.

Трагичар во редовите на Фулам беше српскиот напаѓач, Александар Митровиќ. Имено популарниот „Митро-гол“, не успеа да реализира пенал во 69-тата минута од натпреварот, за да подоцна Њукасл во 88-та минута преку аАлександер Исак го однесе целиот плен. 

Њукасл  со оваа победа се израмни со Манчестер Јунајтед на третата позиција со 38 бода, еден помалку  во однос на второпласираниот Манчестер Сити, а шест во однос на лидерот Арсенал кој има и натпревар помалку.

Фулам пак ја прекина серијата од четири победи и со овој пораз загуби чекор со водечките четири, останувајќи на 31 бод, што е доволно за шестата позиција