Фудбалерите на Вест Хем победија во 2.коло од Премиер лига откако на домашен терен го совладаа Челзи со 3:1.
Победата на избраниците на Маурисио Покетињо е уште поголема што во завршните 30-тина минути играа со играч помалку. Исклучен беше Најеф Агер поради втор жолт картон. Токму тој во 7.минута го отвори резултатот.
Челзи по неколку шанси успеа да го израмни резултатот, преку Керни Чуквуемека во 28-та минута.
„Сините“ имаа шанса и за водство но во 43.минута, одарот од белата точка на Фернандез го одбрани Ареола.
На почетокот на вториот дел, Микаил Антонио им побегна на своите чувари и во 53.минута му донесе ново водство на Вест Хем .
Кога сите очекуваа крај на натпреварот длабоко во судиското надополнување, Лукас Пакета од пенал ги постави конечните 3:1 за Вест Хем.