Tретопласираниот од минатата сезона, Интер ги потврди високите амбиции за новата сезона и со сигурни 2:0 ја совлада Монца.
Јунак Интер беше Аргентинецот Лаутаро Мартинез кој со два гола во 8-та и 76-тата минута ги постави конечните 2:0.
Убедлив старт на новата сезона имаше и финалистот во Конференциската лига, Фиорентина, која на гостувањата кај Џенова славеше со 1:4.
Стрелци на головите за Виолетовите беа Бираги, Бонавентура, Гонзалез и Мандрагора. Утешниот гол за Џенова го постигна Бираши