Бранителот на титулата во Серија А, Наполи победнички ја почна новата сезона. Наполитанците со 1:3 славеа на гостувањето кај Фросиноне.
Повратникот во елитата Фросиноне имаше одличен старт, а веќе во седмата минута со голот на Марканецот, Хару дојде до предноста од 1:0.
Сепак радоста на домаќините траеше кратко па Политано во 24-тата минута донесе изедначување.
Целосен пресврт приреди најдобриот стрелец од минатата сезона Виктор Осиме, кој во 42-та минута го совлада противничкиот голман.
Токму Нигериецот Осиме, со својот втор гол во 79-тата минута ги постави конечните 1:3.
Македонскиот репрезентативец во редовите на Наполи, Елиф Елмас натпреварот го почна на клупата за резерви, а шанса за настап доби во 77-та минута.
Во следното коло Наполи го пречекува тимот на Сасуоло