Актуелниот германски првак Баерн Минхен моќно ја започна одбраната на титулата во Бундес лигата. „Баварците“ во воведниот натпревар од новата сезона славеа на гостувањето во Бремен кај Вердер со 4:0.
Серијата на отвори Лерој Сане со голот уште во 4-тата минута. До крајот на првиот дел резултатот остана не променет.
Но затоа во второто уште три гола во мрежата на домашниот тим.
Новото засилување, Хари Кејн со својот „првенец„ зголеми на 2:0 во 95-тата минута.
Кога сите очекуваа со тој резултат да заврши натпреварот, два гола во судиското дополнение. Сане втор па се впиша во листата на стрелците, а печат стави Французинот, Матис Тел во 94-тата минута.