Како наближува стартот на Светското кошаркарско првенство трака се зголемуваат и бројот на контролни натпревари кои земјите учеснички ги играат.
Кошаркарите на САД го совладаа актуелниот светски прваат Шпанија со 98:88 на подготвителниот турнир во Мајорка.
Шпанците досега беа најсериозниот противник на младиот тим со НБА асови.
Дуелот повод 100-годинината на шпанската федерација беше рамноправен се до завршните три минути. Избраниците на Стив Кер на крајот од првото полувреме имаа двоцифрена предност 55-45. Шпанија пак во третиот период испеа да анулира, па и да поведе. Сепак Американците не дозволија комплетен пресврт. Завршниот удар Американците направија серија од 10:2 и ја запечатија победата. Џејлен Бренсон постигна 22 поени, од кои 9/9 од поле, Џерен Џексон Јуниор го следеше со 12 поени.
Од останатите подготвителни натпревари треба да се издвои одличниот дуел меѓу Германија и Канада, кој заврши со победа на Канаѓаните по продолженија 113:112.
Италијанците ја продолжија немилосрдната серија на победи против Порторико, Азурите славеа со 98:65.
Неизвесен натпревари одиграа Кина и Нов Зеланд кој заврши со победа на Кинезите со поен разлика 69:68.
Светското првенство годинава ќе се одржува на далечниот исток. Домаќини ќе бидат, Филипините, Јапонија и Индонезија, а шампионатот ќе започне на 25 август и ќе се игра до 10 септември.
Ова е прв Мундобаскет на кој учество ќе земат рекордни 32 земји.