Првиот дерби натпревар во новата сезона на англиската Премиер лига, се одигра во Лондон.
На „Стенфорд Бриџ“, Челзи и Ливерпул одиграа без победник 1:1.
Двата тима влегоа мотивирано во овој дуел со желба да ги прокнижат трите бода.
Во првото полувреме беа постигнати четири гола, но два беа поништени поради офсајд, на обете страни.
По брзата контра и асистенцијата на Салах, Колумбиецот, Луис Дијаз во 18-тата минута му донесе водство на Ливерпул.
Израмнувањето дојде во 37.минута, кога заспа одбраната на црвените, а тоа го искористи Французинот, Аксел Дисаси кој ги постави конечните 1:1.
Во следното 2.коло, Челзи ќе игра продува Вест Хем, а Ливерпул го пречекува Борнмут.