Сосема неочекувано Роберто Манчини и официјално е поранешен селектор на Италија.
Не дека неговиот период на клупата на „аѕурите“ ја препороди репрезентацијата, згора на тоа не одиграа на високо ниво, но не може да му се одземе и оспори ЕП освоено во 2021 година.
Под негово водство, Италија претрпе пораз од Македонија во баражите за Мундијалот во Катар.
Но, и покрај тоа што го пропушти Светското првенство бидејќи не успеаја да се квалификуваат, Манчини ја имаше довербата на Италијанскиот фудбалски сојуз.
Интересно е што пред само четири дена беше назначен за координатор на У20 и У21 репрезентацијата.
Имињата за неговиот наследник веќе се продаваат на аукција, а меѓу првите се Антонио Конте и Лучијано Спалети.
Кој од нив ќе ја предводи Италија на септемвриските гостувањр во Скопје против Македонија, во квалификациите за Еуро 2024-та останува да се види.