Тимот на Њукасл тргна моќно во новата сезона на Премиер лигата. Њукасл пред своите симпатизери ја демолира Астон Вила со 5:1 во натпревар од првото коло од Премиер лигата.
Њукасл кој лани заврши како четврто пласиран и се пласира во Лигата на шампионите одигра фантастичен натпревар со кој ја истакна својата кандидатура за висок пласман.
Домаќините поведоа уште во 5.минута со голот на новајлијата новајлијата Гордон.
Виља израмни во 11.минута.
Веќе во 16.минута беше постигнат и третиот гол. За ново водство на Њукасл се погрижи Исак.
Во вториот дел тотална доминација на Њукасл, додека Виља исчезна од теренот.
Исак со својот втор гол во 58.минута зголеми на 3:1, а во 77-та Калум Вилсон погоди за 4:1.
Барнс во 92.минута ги постигна конечните 5:1.