Најдобриот стрелец од минатата сезона во Премиер лигата, Ерлинг Халан најави дека и во новата ќе биде ноќна мора за противниците.
Норвежанецот со два гола му донесе победа на англискиот првак Манчестер Сити на стартот на новата сезона во Премиер лигата.
Во премиерниот натпревар, Сити славеше на гостувањето кај Барнли до 3-0.
Првиот гол Халанд го постигна уште во 4.минута по асистенција на Родри.
На вториот не се чекаше долго. Норвежанецот одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и во 36.минута зголеми на 2-0.
Во вториот дел. Во листата на стрелци се запиша Родри (77.минута) кој го постави конечниот резултат на мечот 3-0 за Сити.
Веќе во 2.коло Сити ќе го игра првото дерби и тоа на домашен терен против Њукасл кој лани заврши на 4-тото место.