Дваесет дена остануваат до почетокот на Светското кошаркарско првенство. Голем дел од репрезентациите учеснички на Мундобасект, но и оние што играат пред-квалификации за Олимпијадата имаат подготвителни натпревари.
Таков беше и синоќешниот во Тренто, каде домашната Италија ја победи Турција со 90-89 по продолжение.
А, до дополнителните пет минути Турците стигнаа со неверојатен кош.
Садик Емир Кабаца со звукот на сирената погоди тројка преку зел терен за израмнување на 75-75.
Сепак тоа не ги спаси Турците од пораз бидејќи Азурите го имаа расположениот Симоне Фонтекио кој постигна 21 поен за Италија.
Италијанците на СП ќе играат во група А, во кој за противници ќе ги имаат Ангола, Доминиканска Република и ко-домаќинот Филипини.
Турците пак ќе играат во пред-квалификациите за ОИ и тоа на турнирот во Истанбул.