Европските гиганти ги продолжуваат контролните натпревари во пресрет на новата сезона. Еден од нив беше и дуелот во Пекинг, каде Интер со пресврт го победи ПСЖ со 2:1.
По мирното прво полувреме во кое речиси и да немаше шанси за гол, во вториот дел постигнати беа три.
Францускиот првак во 63-минута прв поведе со прекрасниот гол на Португалецот, Витиња.
Сепак во финишот на натпреварот, италијанскиот тим направи комплетен пресврт за само две минути.
Прво Еспосито во 81-та минута го израмни резултатот, а Сенси во 83-тата ги постави конечните 2:1 за Интер.