Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром со тројца репрезентативци го комплетира тимот за следната сезона.

Бојан Крстевски и Дамјан Робев ги продолжија договорите, а повратник е Љубомир Младеновски.

Крстевски петта година по ред ќе биде дел од тимот, додека Робев третата сезона ќе го носи сино-белиот дрес.

За Младеновски ова е втор ,,камбек” во МЗТ. Тој прво настапуваше во периодот  2013 и 2017 година, а потоа и во сезоната 2018/19.

Македонската тројка го заокружи тимот од 12 кошаркари на кои ќе смета тренерот Васко Атанасов за претстојната сезона.

Во тимо се: браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Андоновски, Марин Петков, Марко Миловановиќ, Србинот,  Душан Танасковиќ, Хрватот, Марко Баковиќ и Американците, Седрик Расел и Ејасу Ворку.

Дел од екипата ќе бидат и неколкумина од нашите најталентирани млади кошаркари.

Овој тим на МЗТ покрај обврските на домашната сцена, ќе има за задача експресно да се врати во прволигашката АБА конкуренција.