Сенегалскиот напаѓач Садио Мане е на чекор од преселба во АЛ Наср. Тој отпатува за Дубаи на лекарските прегледи и наскоро треба да потпише договор со саудискиот клуб.
Иако неговиот трансфер се уште не е официјално потврден, но тој за германски „Скај“ потврди дека го напушта Баерн Минхен.
„Ме боли што го напуштам Баерн. Би сакал оваа приказна да заврши поинаку. Знам дека би можел да му помогнам на тимот во новата сезона. Сакав да докажам за што сум способен. Без разлика на сè, посакувам клубот и навивачите се најдобро“, изјавил Мане.
Мане треба да потпише договор со Ал Наср до 2024 година, а неговата годишна плата треба да изнесува 40 милиони евра.