Македонскиот шампион, МЗТ Скопје Аеродром, утринава ги претстави првите две странски засилувања.
Хрватот, Марко Баковиќ (30 год, 203 см) и Србинот, Душан Танасковиќ (22 год, 208 см), се новите членови на МЗТ Скопје.
Баковиќ (30 год, 203 см) одигра 22 натпревари за Цибона во минатиот шампионат во АБА. Во Скопје доаѓа по 13 средби во дресот на шпанскиот второлигаш Леида.
Танасковиќ, потекнува од младинската школа на Партизан. Тој настапувал за српските прволигаши Младост Земун и Дунав, додека минатата сезона беше дел од АБА2-лигашот Борац Бања Лука.
Српски-хрватскиот тандем со ова им се приклучи на браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Андоноски, како и младите Марко Миловановиќ и Марин Петков, а предводени од тренерот Васко Атанасов.