Македонскиот репрезентативец во 3х3 (баскет) Еврин Цого се приклучи во хуманитарната „Помош за Луна“.

Имено, за што побрзо да се соберат неопходните средства за операција на малата Луна Поп Костова, нашиот кошаркар го стави на аукција својот репрезентативен дрес.

„Пријатели, дресот што го носев на последните квалификации за ЕП 3х3, од денес го ставам на Инстаграм аукција. Парите од продажбата ќе бидат донирани за операција на малата Луна Поп Костова од Гевгелија, која има церебрална парализа и последнава година и пол се бори со сколиоза.
Операцијата треба да се направи во Турција, а чини околу 64.000 евра.
Понудите за дресот испраќајте ги во инбокс до 04.08.2023 (петок), кога и ќе биде завршена аукцијата.
Дресот ќе го добие тој што ќе даде највисока понуда, а ќе му биде испратен откако ќе ги уплати парите на сметката за лекување на Луна.
Да бидеме хумани и заедно да и помогнеме.

Вашата хуманост потврдете ја со денитрација на следните броеви или директно на наменската сметка. 

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА ЛУНА
A1 143-478
Т-Хоме 143-103

Donation account:
Luna Pop-Kostova
IBAN CODE: MK07270700080222344
SWIFT: EXPCMK22
Денарска сметка за МК:
270-7000 802 221 50