Леонардо Дутра и Михаил Аларов почна да тренираат со Вардар

Бразилскиот интернационалец Леонардо Дутра се приклучи на подготовките на Вардар и веќе тренира со екипата во Скопје.
Тој не замина со репрезентацијата на Бразил на СП во Полска и Шведска, и затоа веднаш се стави на располагање на тренерот Владо Недановски.

Дутра ќе биде засилувањето за Вардар во пролетниот дел од сезоната, и ќе им помогне на бековите да бидат уште поопасни, а истовремено и во одбрана ќе понуди нова свежина.


Покрај Дутра на тренинзите на Вардар е и Михаил Аларов, кој дојде од екипата на Пролет.
Тој првично имаше договор со „црвено-црните“ од јуни, но управите се договорија тој и Томислав Јагуриновски уште сега да дојдат во Вардар.

Инаку, петмина вардарови ракометари се на Мундијалот во Полска и тоа македонските репрезентативци,Талески, Томовски, Георгиевски и Манасков, како и Чувара кој настапува за Полска.