Тамара Ивановска е второто засилување за тимот на Вардар за сезоната која следи. Се работи за ракометарка која игра на позицијата десен бек и десно крило.
Тамара потекнува од школата на ЖРК Куманово. Со кумановската екипа претходната сезона го освои Купот на Македонија и заврши на второто место на табелата во женската Супер лига.
За екипата на Вардар ова е второ засилување за наредната сезона откако претходно потпиша и Нина Милевска.
Тамара неколку пати се најде на списокот за сениорската репрезентација на Македонија.
Од екипата на Вардар си заминаа четири ракометарки, Ивана Џатевска, Јована Трајковска, Сара Миновска и Бојана Диневска.
Ивона Кимовска