РК Вардар го претстави новото засилување за наредната сезона. Се работи за српскиот интернационалец Марко Срдановиќ.
25-годишниот Марко доаѓа од тимот на Металопластика и игра на позицијата лево крило. Тој претходната година постигна 120 гола за тимот на Металопластика со кој заедно го освоија Купот на Србија.
Седановиќ веќе е дел од подготовките кои започнаа во средата. Покрај тренинзите во Скопје подготовките од денес ќе ги продолжи во Маврово.
Црвено-црните во периодот од 16 до 19 август ќе учествуваат на 51-то издание на Струшкиот турнир.
На турнирот освен Вардар ќе учествуваат и домаќинот Струга, Алкалоид, АЕК Атина, шведскиот тим Гуиф и српскиот Партизан.
Ивона Кимовска