Работнички не застанува со градењето на конкурентен тим за новата сезона во прволигашката конкуренција. Ново засилување за „романтичарите“ е Кристоџеј Дејли.
Фудбалерот од Јамајка, потпиша тригодишен договор со Работнички.
Дејли има 20 години и доаѓа од Харбор вју, еден од најдобрите клубови во Јамајка. Минатата сезона ја мина и во словенечкиот прволигаш Копер.
Кристоџеј Дејли е офанзивен играч за врска кој може да одговори и на потребите на левата крилна позиција.
Работнички ги продолжува подготовките во Словенија и в сабота ќе одигра пријателски натпревар со словенечкиот Бриње.