Денеска во куќата на ЕХФ, се одржа жрепката за второто коло од Европскиот куп во женска конкуренција. Трите Македонски претставници, Ѓорче Петров, Куманово и Чаир, ги дознаа своите ривали. Во второто коло од Европскиот куп трите македонски екипи ќе патува во различна земја.
Шампионот Ѓорче Петров според коефициентот на ЕХФ беше во улога на носител и за противник во второ коло го доби тимот на Тиват од Црна Гора.
Вицешампионот Куманово ќе пласман понатаму ќе бара преку двомечот со Херцогенбухсе од Швајцарија.
Третиот Македонски претставник, Чаир, ќе одигра двомеч со холандскиот тим Венло.
Со оглед на фактот дека Ѓорчепетровки беа во улога на носител, својот прв натпревар ќе го играат на гостински терен, додека пак Чаир и Куманово своите први натпревари ги играат на домашен терен.
Првите натпревари од второто коло се закажани за на 23 и 24 септември, додека реваншите се седум дена подоцна.