Покрај женските екипи, и претставникот во машка конкуренција, Тиквеш го дозна ривалот за второто коло од Европскиот куп

Ривал на нашиот единствен претставник во ова натпреварување ќе биде тимот на Кремс од Австрија. Првиот натпревар ќе се одигра на 14 или 15 октомври, додека реваншот е седум дена подоцна.

Kавадарчани прво ќе бидат домаќини во „Јасмин“, а потоа ќе гостуваат во Австрија.

Кавадаречката екипа покрај промените, водени од верните навивачи одиграа одличен пролетен дел и сосема заслужено се најдоа на евро сцената.

Тиквеш и во новата сезона влегува со високи амбиции па со неколку сериозни засилувања кои веќе ги донесоа и поддршката од трибини ќе бараат добар европски успех