Владица Брдаровски се враќа во црвено-црниот дрес на Вардар. Ова и официјално денеска го потврдија од клубот.
Поранешниот репрезентативец, ќе биде големо засилување за вардарци во новата сезона во Првата македонска лига.
Брдарвски за Вардар играше во периодот од 2015 – 2020 година, а настапи на 152 натпревари.
Со Вардар, Владица освои 4 титули и беше дел од историскиот пласман на црвено-црните во групната фаза во Лигата на Европа.