Младата репрезентација на Англија е нов европски првак во конкуренција на фудбалери до 21 година. Вечерва во Батуми, Грузија, Англичаните во финалето на Европското првенство за играчи до 21 година ја совладаа селекцијата на Шпанија со 1:0 и со тоа по трет пат станаа европски шампиони во ова натпреварување, но само за прв пат од 1984 година.
Решавачкиот гол беше постигнат во судиското надополнување на првото полувреме, Англичаните изнудија слободен удар на околу 19-20 метри, малку надесно.
Идеална позиција за добар изведувач на слободен удар, а таков во овој случај се покажа и Кол Палмер кој го изведе тој слободен удар и ја испрати топката во мрежата за 1:0, што се покажа и како конечен резултат на натпреварот.
Шпанците имаа шанса во самиот финиш да дојдат до израмнување, откако беше досуден пенал за „црвената фурија“. Но, англискиот Џејмс Трафорд го прочита Абел Руиз и го одбрани пеналот, турнирот заврши без примен гол.
Така по пауза од 39 години, Англија го освои шампионското трофеј во младинска конкуренција за играчи до 21 година.