Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и нејзината Унија на играчи, потпишаа колективен договор за преговарање. Со овој договор се отстранува марихуаната од списокот на забранети супстанции на лигата.

Тоа им дозволува на играчите да инвестираат и да промовираат брендови на канабис со одредени исклучоци. Играчите исто така можат да имаат сопственички интереси во ентитети кои произведуваат или продаваат производи од „CBD“.

Тие можат да бараат дозвола да ги поддржат производите на „CBD“ од компаниите за марихуана.

Казните се наведени само за играчите осудени за возење под дејство или за сторено кривично дело дистрибуција на марихуана.

Употребата на канабис се третира на исто ниво со употребата на алкохол.

Овој договор ја формализира одлуката на НБА привремено да го прекине тестирањето на канабис во последните три сезони.