Манчестер Јунајтед е решен да го доведе во своите редови камерунскиот голман Андре Онана. Делегацијата на „црвените ѓаволи“ дојде во Милано на средба со претставници на Интер.
Она што клубот од „Олд Трафорд“ може да го понуди е трансфер од 50 милиони евра, плус бонуси. Интер е да одлучи. Онана има само 27 години и би бил добар инвестиција за иднината, наспроти Де Хеа.
Ако ништо не излезе од тој договор, Јунајтед има резервни опции. Станува збор за двајца млади голмани, Грузиецот, Гиорги Мамардашвили од Валенсија и Украинецот, Анатолиј Трубин од тимот на Шахтјор.
За разлика од нив, Онана има многу поголемо искуство, па веднаш може да започне на високо ниво.
Сега се чека одлуката на Интер.