Во богатото спортско лето со учество на двете сениорски репрезентации во Европската лига на ЦЕВ, токму во периодот до почеток на подготовките на македонските одбојкари за настапот на Европското првенство, сцената ќе биде за нашата одбојкарска младина.
Од денеска во Штип, младата репрезентација на Македонија за одбојкари до 17 години (момчиња родени во 2007-ма и помлади) ќе ги започне подготовките за Балканското првенство што ќе се одржи во Тирана од 5 до 9 јули.
За оваа акција селекторот Ванче Санев повика 18-мина играчи од шест клубови.
Најмногу, петмина се од првакот во оваа категорија Струмица Никоб, четворица од Штип УГД, по тројца се од Весна Пробиштип и од Работнички 47&22, двајца од ГОК Борец и еден од екипата на Сушево.
На Балканијадата во Тирана, младите македонски одбојкари ќе играат во групата „А“ со домаќинот Албанија, со Турција и со Србија, додека во групата „Б“ ќе настапат селекциите на Бугарија, Романија и Црна Гора.