Кристијано Роналдо на натпреварот со Исланд дојде до својот 200-ти натпревар за репрезентацијата на Португалија, влегувајќи во Гинисовата книга на рекорди како прв машки фудбалер со најмногу настапи за својата репрезентација во историјата на фудбалот.
Роналдо со погодок во судиското надополнување и донесе победа на Португалија против Исланд со 1:0, а тоа беше неговиот рекорден 123-ти погодок за репрезентацијата.
Поминаа дваесет години од првиот настап на Роналдо во дресот на португалската репрезентација, за која прв пат настапи на 20-ти август 2003-тата година на само 18 годишна возраст.