Во Полска се каде се одржува Европско првенство екипно тимски трета дивизија денеска свој настап имаше македонскиот атлетичар Јован Стојоски
Тој настапи во дисциплината на 400 метри и заврши на петата позиција од 14 натпреварувачи.
Стојоски настапи во втората група и далечината од 400 метри ја помина за 47.82. Победник во групата беше Бурај Франко од Албанија со време, 46.30 Настапот на Стојоски доаѓа само 4 недели по повредата на зглобот, и се очекува негов настап и на 200 метри
Денеска свој настап, имаше и Димитар Петровски на 800 метри, кој заврши на осмата позиција, со време 1:58.08.
За кратко се очекува и Андреас Трајковски да настапи на 100метри.