Репрезентацијата на Украина, по тешката и важна победа во Скопје, против Македонија, успеа да запише нови три бода, откако вечерва со минимални 1:0 ја победи селекцијата на Малта.

Избраниците на Серги Ребров иако важеа за апсолутен фаворит и се очекуваше лесно да дојдат до посакуваните три бода, сепак работите на терен се искомплицираа, па Украиницте дури во финишот го скришија отпорот на жилавата Малта.
Иако имаа целосна доминација на теренот и многу повеќе обиди и шанси за гол, па дури и постогнаа гол во надополнувањето на првиот дел, сепак истиот беше поништен и резултат остана 0:0.

Украина тргна уште посилно во вториот дел и истото се исплатеше, кога во 50-тата минута по удар на Конопља, еден од дефанизвците на Малта играше со рака, па судијата покажа на пеналата точка. Одговорноста да го изведе казнениот удар ја презеде капитенот, Јармоленко, но на разочарување на сите Украински навивачи, неговиот удар заврши во пречката.

Селекторот Ребров, фрли се на една карта и уфрли уште двајца офанзивни играчи па Украина тргна во целосна офанзива, но гостите одлично се бранеа и не дозволуваа нивниот голман да биде загрозен. Сепак притисокот се испалтеше во 72-та минута кога Јан Борг беше невнималтен па судиајта Бускец по втор пат покажа на белата точка. Овој пат одговорноста ја презеде Циганков и тој за разлика од Јармоленко беше смирен и го реализираше ударот од 11 метри, за водство од 1:0

Овој резултат остана на сила до последниот свиреж на судијата, па Украинците ја запишаа втората победа и барем до вечер, натпреварот Англија – Македонија  ќе бидат првопласирани во групата.