Третото издание на Лигата на Нации ќе заврши со финалниот наптревар помеѓу Хрватска и Шпанија, шанса за прва титула и на двете репрезетнации.
Шпанците еднаш веќе играа финале, и тоа пред две години кога со 1:2 беа поразени од Франција, додека пак за Хрватска ова е прво финале.

И двете репрезетнации се во добар ритам со комплетен состав па оттаму нема  фаворит во пресрет на вечерашниот дуел. Хрватска по продолженија ја победи Холандија додека Шпанија во финишот го скрши отпорот на Италијанците.

Генерацијата на Златко Далиќ која играше финале и освои бронза на последните две светски првенства, ќе има одлична шанса за прво историско злато на Хрватската фудбалска репрезентација, воедно да се одмазди за поразот на Европското првенство во 1/8, кога Шпанија се радуваше по продолженија. Од другата страна Де Ла Фуента ќе има можност да го направи она што не му успеа на Луиз Енрике пред две години и да ја донесе единствената титула која им недостига на Шпанците.

Двајцата тренери ќе ги имаат на располагање истите играчи од полуфиналето и се очекува да ги видиме истите 11 на теренот. Кога е во прашање Хрватска, многу работи ќе зависат од капитенот Лука Модриќ. Ветеранот одигра одличен натпревар против Холандија, во кој асистираше и се запиша во листата стрелци, но остана на теренот 116 минути, па прашање е има ли уште,,гориво” во моторот на 38 годишниот фудбалски мајстор.
Шпанија својата работа ја заврши во 90 минути и се очекува да бидат во подобра физичка кондиција.

Финалето почнува во 20:15 откако претходно во 15:00 часот во малото финале, ќе се соочат Холандија и Италија