Од од 21 јуни до 2 јули во Краков ќе се одржат Европските игри. Македонија на овие игри ќе ја претставуваат 17 спортисти во 7 спорови.
Тој повод денеска во Македонскиот олимписки комитет беше одржана прес-конференција на која дел од спортистите и тренерите ги искажаа своите очекувања.
Теквондиската Милијана Рељиќ и каратистот Емил Павлов ќе бидат напите знаменосци, а покрај нив учество ќе земат и:
Анастасија Мојсовска – спортско стрелаштво
Мартин Ангелески – спортско стрелаштво
Анамарија Георгиевска – теквондо
Дејан Георгиевски – теквондо
Димитар Пејчиновски – текбол
Анѓел Петрушев – кајак
Никола Малевски – кајак
Владимир Малевски – кајак
Николовски Никола – мечување
Србиноски Петар – мечување
Дамјаноски Петар – мечување
Тодороски Матеј – мечување
Озмен Илхан Атила – бокс
Ален Рустемовски – бокс
Арјан Исени – бокс