Додека женската одбојкарска репрезентација на Македонија, ги игра натпреварите во Европската Сребрена лига, една од поискусните македонски одбојкарки Елена Пандева бележи одлични резултати во Италија.
Македонската интернационалка Елена Пандева која настапува во италијанското одбојкарско првенство, бележи одлични резултати со својата екипа Феникс Монополи.
Струмичанката се покажа како една од главните одбојкарки на овој клуб, кој е се поблиску до влез во Б лигата на италијанскиот шампионат кој важи за најсилниот во женската одбојка во светот.
Елена со Феникс Монополи по голема борба славеше победа со 3:2 против екипата на Монтерони во мајсторката за влез во Б лигата.
По овој голем успех на нејзината екипа Елена гордо го развеа македонското знаме. Честитки.