Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски денеска најави отворање на два нови базена во Скопје.
„Најголемиот проект за нас што ни недостасуваше изминатите години, тоа се 14 пливачки базени за овие атлети, за помладите категории, веќе ги привршуваме. Веќе во Тетово го пуштивме, овие двата скопски се при крај, се надевам дека во септември ќе има пуштање“, изјави Мојсовски
Тој појасни дека станува збор за базени со помали димензии, за во нив да пливаат ученици од прво до петто одделение.
Мојсовски присуствуваше на прес-конференција заедно со претставници на Специјална Олимпијада, по повод заминувањето на спортисти на Летните олимписки игри, кои од 12 до 26 јуни ќе се одржат во Берлин.