Богатото кошаркарско лето на репрезентативни настапи ќе го отворат популарните „баскетџии“, односно македонската репрезентација во „3 на 3“.
Денеска е и последниот тренинг по кој составот предводен од селекторот Иван Ристовски, а во кој се Ервин Цого, Христијан Ристов, Марко Дујковиќ, Милорад Миновски и Матеј Павловски, утре патува за Братислава каде ќе настапи во квалификациите за Европскиот Куп што ќе се игран во септември.
Искусните македонските „баскетџии“ нема да имаат ни малку лесна задача, бидејќи против себе ќе имаат селекции кои веќе имаа настап на Светското првенство, смета Ервин Цого кој зад себе има и интернационално искуство.
За квалификациите кои ќе се одржат во Братислава во периодот помеѓу 10 и 11 јуни,
На квалификацискиот турнир во главниот град на Словачка покрај домаќинот и нашата репрезентација ќе настапат и Грузија, Португалија, Босна и Херцеговина, Турција, Унгарија, Грција, Чешка, Полска, Австрија, Франција.
„Планот е секогаш е исти. Одиме да го дадеме максимум без разлика со кој играме.
Сепак ова е репрезентација и тука треба да се даде и последен адут. Очекувања немаме, бидејќи играме со Австрија втора репрезентација во свет и со Унгарија. Двете репрезентации играат од Светското првенство и веќе се во натпреварувачи ритам, па важат за најголеми фаворити на турнирот. Ние идеме растеретени од резултатски императив, па затоа мислам дека тоа е најдобро за нас“, изјави Цого.
Селекцијата утре патува за Братислава, каде во сабота ќе ги игра натпреварите во групата со Австрија и Унгарија.
Покрај овие селекции и домаќинот на овој турнир Словачка ќе настапат и селекциите на: Турција, Грција, Франција Чешка, Полска, БиХ, Грузија и Португалија.