Екипата на Вест Хем, благодарение на Боудвен е освојувач на трофејот во третото по ранг европско фудбалско клупско Конференциската лига.
Ви второто финале од ова натпреварување, одиграа вечерва во Прага, англискиот тим славеше победа со 2:1 во дуелот со италијанската Фиорентина.
Во релативно мирното прво полувреме во кое повеќе од играта имаше тимот од Фиренца, резултатот остана почетниот 0:0.
Затоа во вториот дел големи возбудувања. Во 61-та минута беше досуден пенал, кој во водство за Вест Хем од 1:0 го материјализира Алжирецот, Мохамед Саид Бенрахма.
Радоста на Англичаните не траеше долго, бидејќи во Џакомо Бонавентура на ефектен начин во 67-та минута израмни на 1:1.
Кога сите размислуваа за продолженија, по една брза контра во 90-тата минута Џерод Бовен успеа да реализира и да му донесе победа на Вест Хем со 2:1.
Така популарните „чекани“ од Лондон по пауза од 24 години стигнаа до третиот трофеј од европските натпреварувања, откако првиот го освоија во Куп на победниците на куповите во 1965 година, а вториот во Интертото Купот трофеј освоен во 1999 година.
Фиорентина и по 62 години ќе почека на својот втор европски пехар.