ФК Пелистер денес го официјализираше договорот со Влатко Костов кој ќе преземе клубот и ќе се обиде следната сезона да го врати во ПМФЛ.
Претседателот на клубот Митко Стојковски посочи дека назначувањето на Костов за шеф на стручниот штаб е потврда на амбициите за враќање на клубот во Прва Лига
Влатко Костов е човек кој го носел овој дрес на ФК Пелистер знае што значи ФК Пелистер во Македонија. Со самото негово назначување ги покажуваме своите амбиции а тое е ПМФЛ. -Митко Стојковски претседател на ФК Пелистер.
Задоволство од назначувањето за тренер на клупата на Пелистет имаше и кај Костов кој нагласи дека целта е една – пласман во Прва Лига
Мене ми е чест што ја добив довербата од клуб каков што е ФК Пелистер и луѓето што го водат клубот. Заедничка цел ни е ПМФЛ и од првиот ден ќе работиме на тоа. -Влатко Костов
Влатко Костов доаѓа на местото на Бобан Бабунски, кој не успеа да ги исполни очекувањата и со тоа не доби продолжување на договорот.