МЗТ Скопје Аеродром синоќа во Битола стигна до јубилејната 10-тат титула шампион на Македонија.
Привилегијата повторно да го крене шампионскиот трофеј ја имаше долгогодишното капитен Дамјан Стојановски.
Искусниот некогашен македонски репрезентативец во интервјуто по натпреварот упати јасна порака до сите македонски клубови, потенцирајќи дека иднината на мак-баскетот сепак е во младите македонски кошаркари.
„Македонија, имала и ќе има, кошаркарски таленти. Сите клубови во Македонија, пред се мора да обрнат внимание на младите играчи, да им се даде шанса.
Ако треба и да се истрпат поразите. Само така ќе имаме повеќе квалитетни играчи кои ќе бидат дел од репрезентацијата. Така ќе биде поквалитетно и македонското првенство, и ќе биде на поголемо (повисоко) ниво.
Само со „истрпување“ на младите играчи и давање на вистинска шанса кошарката може да оди напред“, потенцира Дамјан.
Инаку за Дамјан ова е 8-ми трофеј во кариерата шампион на Македонија.