Шпанската Примера во последното коло носи премногу возбуда. Рајо Ваљекано и Столе Димитриевски се борат за влез во Европа следната сезона, додека дури 6 екипи се борат да го избегнат последното место кое носи во втората шпанска дивизија.
Барселона е шампион, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад ќе играат во Лигата на шампионите. Севиља исто така ќе учествува во европската елита бидејќи го освоија своето најомилено натпреварување Лига Европа, но поради триумфот над Рома во финалето ќе играат во Лигата на шампиони. А, Виљареал и Реал Бетис ќе играат во Лига Европа.
Местото за во Конференциската Лига ќе биде одлучено во последното коло. Осасуна, Атлетик Билбао, Жирона и Рајо на Столе ќе се борат за тоа место. Осасуна и Жирона имаат директен дуел, додека пак Рајо Ваљекано игра со Маљорка, која има обезбедено опстанок и овој натпревар ќе им биде со помало значење. Атлетик Билбао ќе ја има најтешката задача бидејќи ќе играат против Реал Мадрид. Реал нема посебен мотив на овој натпревар, но „кралскиот” клуб секогаш сака на позитивен начин да заврши натпреварувачка сезона.
Во борбата за испаѓање има два сигурни патника во втората шпанска лига. Елче и Еспањол се сигурни патници и нивните натпревари се без никакво значење. Додека последното место кое води во втората лига ќе биде место за избегнување на шест екипи. Ваљадолид, Селта Виго, Алмерија, Валенсија, Хетафе, Кадиз се екипите кои се на 1 или 2 поени од опасната зона. Ваљадолид има натпревар со Хетафе, кој е од големо значење за двата тима. Селта Виго игра со шампионот Барселона без значење за нив, но со големо значење за домаќините.
Алмерија игра со Еспањол во дуел кој нема значење за втората екипа од Каталонија, додека пак Кадиз игра со втората екипа која патува во втората лига, Елче. Валенсија им гостува на Бетис.
Цело последно коло носи големи калкулации и возбуди во шпанската дивизија. Како ќе изгледа конечната табела ќе дознаеме на крајот од денот.
Андреј Велјаноски