Манчестер Сити триумфираше над Јунајтед со 2:1 во финалето од ФА Купот и го подигна трофејот по 4 години. Илкај Гундоган беше стрелец на двата победоносни прекрасно реализирани погодоци.
На самиот старт, во 13-тата секунда, Илкај Гундоган со „бомба“ удар надвор од шеснаестникот му донесе водство на Манчестер Сити од 1:0 и постави рекорд во ФА Купот за најбрзо постигнат погодок.
Играта во продолжението беше неизвесна се до 33-тата минута кога по игра со рака на Џек Грилиш во шестнаесетникот, Пол Тирни досуди пенал за „црвените ѓаволи“. Пеналот фантастично го реализираше Бруно Фернандеш и Манчестер Јунајтед изедначи на 1:1 пред крајот на првиот дел.
Вториот и победоносен гол за „граѓаните“ повторно го постигна Гундоган во 51-та минута, кој со прекрасен волеј, по асистенција на Кевин де Брујне, биеше за враќање на предноста од 1 гол (2:1).
Екипата на Ерик тен Хаг до крајот на натпреварот со секакви сили се обидуваше да постигне погодок и да дојде барем до продолжение, но мудриот Пеп Гвардиола и неговата екипа не го дозволија тоа.
Натпреварот заврши 2:1 и Манчестер Сити е новиот освојувач на Купот на Англија.