Унгарецот Мате Валкуз е победник на годинашново издание на Macedonian Open 2023 откако во финалето го совлада петтиот носител Франциско Комесана од Аргентина со 2-0 во сетови (63 и 64). Мечот траеше 101 минута. Ова за Валкуз е прв триумф на Челинџер турнир. Клучни во мечот беа искористените брејк топки од страна на унгарскиот тенисер. Инаку, Унгарецот турнирот го почна во квалификации и оствари седум победи на седум меча во седум дена.
Првиот сет почна во изедначена борба, а првата брејк топка ја искористи Валкуз во четвртиот гем за водство од 3:1, за веднаш потоа Комесана да направи ри-брејк и да намали на 3:2. Откако во седмиот гем Комесана не искористи брејк топка, во следниот гем Валкуз го направи тоа за нов брејк и водство од 5:3, а потоа го реализираше и гемот нас свој сервис за 6:3.
Во вториот сет имаше многу повеќе неизвесност. Во првиот „маратонски гем“ Валкуз ја искоисти втората брејк топка за водство од 1:0. Но, во 6.тиот гем Комесана го варти загубениот сервис и изедначи на 3:3 што беше најава за серија брејкови. Валкуз поведе со 4:3 на сервис на ривалот, а Комесана изедначи истотака со одземен сервис на противникот. По 4:4 Унгарецот направи нов брејк за 5:4, а и десетиот гем беше во најава за брејк. Сепак Валкуз успеа да спаси три брејк топки, а потоа ја искористи втората меч топка за да го добие сетот со 6:4.
Валкуз во мечот имаше 5/9 брејкови, а Комесана 3/8.
За победата на Челинџер 75 турнирот Macedonian Open победникот освои 75 поени и парична награда од 9.800 евра, додека финалистот освои 50 поени и 5.820 евра.
Во финалето во двојки Чесите Ноуза и Полсон ги победија тенисерите од Индија Балажи и Недучезиајн со 2-0 во сетови.