Со одигрувањето на последните два натпревара попладнево ќе биде спуштена завесата во националните лиги во ракомет во сениорска конкуренција. Во Битола веќе се е подготвено за славје и првата шампионска титула по 2005 година која ќе заврши во рацете на ракометарите на Еурофарм Пелистер. Битолчани во последното коло го пречекуваат тимот на Тиквеш, кој во претходното коло одигра нерешено со првакот Вардар и со тоа само ја најави денешната прослава на шампионскиот пехар во Битола. ПОчетокот на натпреварот е во 18 часот.
Во Скопје, пак во СЦ „Јане Сандански“ е дуелот за второто место меѓу куп победникот Вардар и Алкалоид. Токму избраниците на Кирил Лазаров со победата (22:21) над Вардар во Автокоманда го најваија „симнувањето“ на Вардар од првата позиција. „Црвено-црните“ пак се реваншираа во Охрид во куп полуфиналето со убедлив триумф (31:22). Сепак со развојот на настаните дуелот Вардар – Алкалоид решава за второто место, доколку гостите победат ќе ја завршат сезоната на втората позиција.
На првите два натпревара од последното 14.то коло одиграни вчера: Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 28:25 и Бутел – Охрид 24:17.