Вниманието на македонската спортска јавност од денеска па во наредните дваесетина дена, ќе бидат насочено кон настапот на двете наши најдобри одбојкарски селекции, женската и машката денеска ги започнуваат натпреварите во Европските лиги.

Први на сцената ќе излезат мажите. По повеќегодишните настапи во Сребрената, сега нашите најдобри одбојкари ќе се обидат во посилната конкуренција Златната лига.

Со повратникот на селекторската позиција Јошко Миленковски и комплетен состав, нашите одбојкари вечерва ќе го одиграат првиот натпревар во Ц групата.

На неутрален терен во полскиот гад Лош, македонските одбојкари ќе и се спротивстават на седмопласираната репрезентација од последното Светско првенство, Украина.

Украинците се една од поквалитетните репрезентации на европско тло и тие важат за апсолутни фаворити во овој меч истакна селекторот Миленковски, па триумф против нив би била фантастичен резултат и почеток на долгото одбојкарско лето.

Во изминатиот период од таборот на црвено-жолтите многупати повторија дека овие натпревари во Златната лига се дел од подготовките за главното летово, а тоа е Европското првенство чиј еден од четирите градови домаќини ќе биде и Скопје.

Секако дека добар резултат е важен, но најважно е репрезентацијата да се покаже во што е моќно подобро светло, што пак ќе ја зголеми самодовербата и во натпреварите што следат против Белгија и Хрватска.

Денешниот меч меч Украина и Македонија ќе започне во терминот од 19 часот.

Комплетниот распоред на натпреварите на македонските одбојкари, како и сите актуелности поврзано со нивниот настап во Златната лига можете да ги ВИДИТЕ И ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ.