Скопје, Тетово и Кичево ќе бидат домаќини на последните три натпревари од сезоната 2022/2023 во мак-фудбалот.
Фудбалската федерација на Македонија ги одреди стадионите во овие градови, како домаќини на бараж натпреварите за пласман во Втората лига. што ќе се играат на 28 мај (недела) со почеток од 17 часот.
На стадион „Борис Трајковски”, во скопската населба Маџари, ќе се сретнат екипите на Тетекс и Осогово.
Градски стадион во Тетово ќе ги угости екипите на Башкими и Влазрими, а во Кичево ќе се одигра средбата меѓу Вардар Неготино и Новаци.
Само една од овие шест екипи нема да избори настап во Втората лига, односно ќе има и така-наречени „лаки-лузери“ (среќни губитници).
Имено, победниците од баражите ќе обезбедат настап следната сезона во второлигашката конкуренција, а дополнително уште две екипи ќе им се приклучат и тоа по пат на ждрепка.