Македонија Ѓорче Петров и Струга ТЛ утре ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија.
Стружани веќе освоија еден трофејот, а Ѓорчепетровци преку Купот бараат излез на европската сцена.
Иако ,,лавовите” во трите овосезонски натпревари останаа не поразени, сепак капитенот Филип Мишевски смета дека тоа не е репер за конечниот исход на утрешниот натпревар.
,,Не би се согласил дека ние имаме предност. За тоа говорат и трите нерешено меѓусебни дуели сезонава. Секој натпревар е различен. Но, ние секако ќе атакуваме на победа” вели капитенот на Македонија ЃП.
Финалето на Купот ќе се игра утре на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, а почетокот е закажан за во 17 часот.