Екипата на Македонија Ѓорче Петров ќе го брани трофејот во Купот на Македонија во утрешното финале против предизвикувачот Струга ТЛ.

Стружани се новите шампионот тие ќе атакуваат на двојна круна, а “лавовите” на одбрана на Купот, па затоа реално е да се очекува дека ќе има одреден резултатски притисок во двата тима смета Горан Симов, тренерот на Ѓорчепетровци.

 ,,Ќе биде убаво финале. Нормално е секој да се надева на успех. Знаеме дека ќе биде тешко бидејќи играме со актуелниот шампион.

Секако дека важноста на натпреварот преку кој се бара излез на европската сцена си носи одреден притисок, но Ѓорче има искусни фудбалери кои можат да се носат со тоа”, истакна Симов на денешната прес-конференција.

Кој ќе го издржи притисокот, а кој ќе подлегне, а со тоа и кој ќе се радува или тагува на Куп трофејот ќе дознаеме утре по натпреварот што ќе започне од 17 часот, а ќе се игра во Скопје