Италијанските тимови ќе имаат претставник во сите три европски натпреварувања, а за истото се погрижи Фиорентина која во последните мигови од продолженијата успеа да постигне уште еден гол, за победа на гостувањата кај Базел со 1:3 што беше доволно за пласман во финалето на Европската Конференциска Лига.
Виолетовите први го отворија резултатот преку Гонзалес кој во 35 минута одлично се постави по добро изведен корнер и со глава го совлада противничкиот голман за предност од 0:1
Швајцарскиот гигант возврати во второто полувреме преку Амдуни во 55 минута и повторно дојде во ситауција да има поволен резултат за пласман во финале
Младиот Гонзалез повторно беше кобен за домаќините па со одличен шут во 72 минута донесе ново водство за гостите од 1:2. Ваквиот резултат беше доволен за да се надополни негативата од првиот натпревар па влеговме во продолженија два пати по 15 минути.
Следуваше вистинска драма во продолженијата кога на еден од навивачите падна во бесознание па натпреварот беше во прекин добри десетина минути. За среќа брзата реакција на болничката екипа допринесе се добро да се заврши па натпреварот продолжи.
Гостите го искористија прекинот, се одмори и со сите сили нападнаа по уште еден гол и пласман во финале.
Во последните мигови од натпреварот во 130-тата минута Барак ги распалака домашните навивачи а предизвика делирум во делот каде беа сместени гостинските.
Фиорентина со конечни 1:3 и вкупен резултат 4:3 се пласираше во големото финале каде за противник ќе го има тимот на Вест Хем.