Жозе Мурињо ита кон нова титула во Европските натпреварувања и е се поблиску до остварување на уште едно големо финале.
Тренерот на Рома пред натпреварот одржа прес-конференција во која истакна дека ништо не е готово и борбата за финалето продолжува. Исто така, оваа победа тој би ја посветил на фановите на Рома.
„Не знам каков правец ќе завземе утрешниот натпревар. Ние сакаме да стигнеме до финалето, но можеби ќе треба тоа да го направиме во продолжение или пак пенали. Знам дека сеуште има многу за игра и долг пат, кој треба да го поминеме. Оваа победа сакаме да ја оствариме најмногу и за нашите симпатизери. Тие се посебни и заслужуваат да се среќни. Но, ние мора да играме исклучително добар натпревар за да стигнеме до финалето. Не размислувам многу на минатото, на моите поранешни трофеи и титули, само на иднината ми е во паметот“, вели легендарниот Жозе Мурињо.
Натпреварот Баер Леверкузен – Рома ќе се одигра вечерва со почеток од 21:00 часот.