МЗТ Скопје Аеродром поведе со 1:0 во победи против Работнички во полуфиналната серија од плеј-офот на кошаркарското првенството.

На првиот натпревар на вечните ривали, аеродромци славеа победа на домашен терен со 82-71 .

Интересен натпревар гледаа љубителите на кошарката присутни во ,,Јане Сандански” а ги имаше околу 2.500. Израмнет дуел во кој двете екипи имаа свои добри и лоши минути.

Гостите најголемата предност ја имаа во 11.минута кога водеа со 19-13, а домаќините во два наврати од третиот период имаа +8.

На стартот на последниот квартал, сино-белите влегоа со +6 (56-50).

Беа рамноправен противник гостите и во наредните три минути, по кои аеродромци комплетно ја презедоа контролата и на крајот заслужено славеа со 11 разлика

Најдобар во победничката екипа беше Дамјан Стојановски кој оствари дабл-дљбл со 14 поени и 11 скокови, додека Кук и Вер постигна по 13, а Војдан Стојановски 12 поени. Кај поразените, триото Џелетовиќ со 19, Малешевски и Нотоџ со по 16 поени, беа премалку да се направи ,,брејк,, на теренот на шампионот.

Следниот, втор, натпревар ќе се игра во СЦ ,,Кале” во среда, додека евентуалната ,,мајсторка,, би се играла повторно во ,,Јане Сандански” следната сабота.

Утре својот прв полуфинален дуел во серијата подобар во две победи, во Битола ќе го играат Пелистер и ТФТ Моцарт.