Екипата на Виљареал го декласира Атлетик Билбао на домашен терен со резултат 5:1. Виљареал со оваа победа иде во напад за место во Лига на Шампиони.

Во првото полувреме играта ја контролираше Виљареал и тоа се виде по 27 минути игра кога Алекс Баена погоди за 1:0. Николас Џексон стрелаше за 2:0 во 37.та минута. Оихан Санчет по пеналот во судиското продолжение за 2:1 и со тој резултат се отиде на пауза.

Николас Џексон со својот втор гол во 50.та минута зголеми на 3:1. Аитор Паредес си постигна автогол во 61.та минута со што го зголеми резултатот на 4:1 и го потврди лошиот ден на „Баскијците”. Алекс Баена во 90.та минута ги постави конечните 5:1 за Виљареал.

Со оваа победа Виљареал се на 5.та позиција во шпанската премиера со 57 бода, 5 бода помалку од последното место кое носи за Лига Шампиони кое го поседува Реал Сосиедад.

Атлетик Билабо со овој пораз се на 8.та позиција со 47 бода надвор од европски натпреварувања.

Андреј Велјаноски